Втор пролетен натпревар и втора победа за фудбалерите на Пелистер. Екипата на Бобан Бабунски славеше на гостувањето во Врапќишта кај Беса (1-2). Томе Китановски и Бојан Спиркоски беа стрелци за „зелените“, додека за домашниот тим, Велиу Артан постигна погодок за предност во осмата минута.
Лидер останува Гостивар, а Пелистер е четвропласиран со седум бода помалку зад лидерот.
Во следното 18. коло, Пелистер го пречекува тимот на Арсими.












