ТЕРА

REKLAMA???

ПЕШАЧКИ ПРЕМИН КОЈ ВОДИ В ЅИД

Јавното претпријатије ЈППЈЛП (Паркинзи) е задолжено и за бележење на хоризонталната сигнализација на коловозите и сообраќајниците во градот.  Но, некои премини не водат никаде.  Со директорот на ова општинско претпријатие позборувавме и на оваа тема.

Двојни пешачки премини, поместени од местото кадешто граѓаните вообичаено се навикнале да преминуваат, а и еден пешачки премин кон не води никаде.

Зоран Михајловски, директор на јавното претпријатие вели во текот на работењето вработените се соочуваат со најразлични проблеми, согледуваат потреби.

„ Генерално проблемите со кои се соочуваме на терен се  со разлики во тоа што е проектирано и тоа што е изведено. Тогаш ги решаваме проблемите заедно, бараме промена на некое сообраќајно решение од претходно. Се случува да имаме нацртани пешачки премини коишто не постојат во сообраќајната документација некогаш порано, тие ги тргаме од коловозот со црна боја. “

Идејните решенија за сообраќајната сигнализација се рака под рака со решенијата за сообраќаен режим, а тоа е интерсекторска соработка на СВР Битола и општинските сектори за урбанистичко планирање и уредување.

„Бележењето се прави врз основа на постоечка сообраќајна документација којашто е одобрена од надлежниот орган во полицијата. Пешачки премин, дали води некаде или никаде…ако го гледаме на проектната документација ние сме должни: да го бележиме, ако не бил бележан, Имаме ние и нови улици со сообраќајни решенија , бележиме наново. Остатокот е обновување коешто треба да се прави двапати годишно и тоа врз основа на планската документација. “ – вели директорот Михајловски.

Граѓаните имаат право на сугестија, барања коишто треба да ги испратат и  до општината.

„Тие се движења кои проектантот ете, некогаш и не ги предвидел. Имаме реконструкција на улици и се менуваат тековите на движење. На пример еве, овде во околината кадешто се наоѓаме, сите дечиња во ОУ „Стив Наумов“ доаѓаат од задната страна. Се јавува потреба од нов пешачки премин. Луѓето незнаејќи доаѓаат кај нас и реагираат. “

Уште едно забележување налик на нашето посочи директорот на паркинзи. Веднаш по означување на се што треба да означат, се забележува дека Битола како и Македонија е град исполнет со прашина.