ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЈКОВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА ДИРЕКТОР НА КИЦ НА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

На денешната Владина седница се донесени повеќе кадровски решенија, меѓу нив и тоа дека доц. д-р Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, стои во владиното соопштение.

Битолчанецот Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, новинар, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е доктор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 година се стекнува со титулата редовен академик, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.

Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.