Хрватска синоќа го отвори Пељешкиот мост, настан кој тамошната јавност го слави како историски датум.
Првиот автомобил кој помина преку мостот беше моделот „Невера“ на хрватскиот производител на луксузни електрични автомобили „Римац“. Додека поминуваше „Невера“, почна и огномет.

На свеченоста беше присутен државниот врв на земјата, голем број гости од различни сфери на општествениот живот a имаше и културно-уметничка програма.

Пељешки мост е долг 2 404 метри и спојува два брега кои се оддалечени 2 140 метри. Објектот е од исклучително стратешка вредност за Хрватска бидејќи го поврзува северот со југот на земјата.
Мостот е висок 55 метри.
Мостот е дел од проектот „патна врска со јужна Далмација“ и го претставува најважниот геостратешки проект од национален интерес, бидејќи со неговата изградба е воспоставен територијалниот континуитет на хрватската територија.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон.












