Пијаното „Безендорфер“ кое досега се наоѓаше во Завод и Музеј во Битола денеска пренесено во концертната сала на Офицерскиот дом. Пијаното е донација од Трифун Костовски на Општина Битола за потребите на Фестивалот на класична музика „Интрефест“ и истиот е наменет за концертната сала во Офицерскиот дом која е препознатлива по својата амбиенталност и акустика.

Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола, прераснува во еден од најекслузивните концертни сцени за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство, рече директорката Лили Бошевска.

Станува збор за еден од најскапите клавири во светот, па се поставува прашањето како ќе се одвива одржувањето?

Со поставувањето на концертниот клавир „Безендорфер“ , ЈОУ КИЦ- Битола се издгинува во рангот на културни установи со високи изведувачки перформанси каде ќе гостуваат уметници од највисог ранг, рече Бошевска.













