ТЕРА

REKLAMA???

ПОБЕДА НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ИТАЛИЈА

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата/

Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна.

Десничарската коалиција на Браќа на Италија со партијата Лега на поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини и Форца Италија на бившиот премиер Силвио Берлускони, според сегашните резултати, би располагала со јасно мнозинство од околу 43 проценти во двата дома на италијанскиот парламент.

Според италијанската телевизија РАИ, десничарскиот сојуз би имал меѓу 227 и 257 од вкупно 400 места во Пратеничкиот дом, како и 11 до 131 од вкупно 200 мандати во Сенатот. Како шефица на најсилната политичка партија, Мелони би станала прва премиерка во Италија.