Македонската репрезентација славеше убедлива победа од 4-0 во меч против Гибралтар од 4. коло во Лигата на нации. Фудбалерите на Благоја Милевски одиграа одлично посебно во првиот дел, за само 27. минути, од 4. до 31.минута постигнавме четири голови, започна Барди, продолжи Миовски со два гола, заврши Чурлинов.
Македонија поведе со фантастичниот гол на Енис Барди во 3. минута по велемајсторски слободен удар. Шутираше од 25. метри, прво топката се одби од десната статива на Гибралтар, за да заврши во мрежата.
Само неколку минути подоцна Миовски ја погоди пречката, а тоа како да беше наговестрување за двата гола што тој ги постигна во првиот дел, деби голови. Прво прекрасно со глава го испрати центаршутот на Барди во 15.минута, а потоа во 17.минута од непосредна близина најдобро се снајде за убедливи 3-0.
И покрај тоа што имаме убедливо водство, следуваа нови шанси, супер акции, имвме барем уште 4-5 големи шанси за уште поубедливо водство. А постигнавме само едени тоа на Чурлинов во 31.минута откако Барди и Тодоровски му сервираа идеална ситуација.
Второто полувреме го започнавмесо Етеми, Димоски и Фазлагиќ, ова за нив беше деби настап за Арепрезентацијата на Македонија. Подоцна во игра влезе и Гроздановски, деби настап и за него.
Ние продолживме со напади, но немаше шанси и голови како во првото полувреме. На крај Валон Етеми со фантастичен шут ја погоди стативата.












