Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, повика 350.000 цивили да се евакуираат во очекување на големата руска офанзива.
Во разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана се вели дека „постои реална можност битката за Словјанск да биде следниот клучен натпревар во борбата за Донбас“.
Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, соопшти дека во Велика Британија пристигнала првата група украински војници кои ќе треба да поминат обука.
Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, објави „Гардијан“.
Десетици земји се обврзаа да ја поддржат реконструкцијата на Украина преку, како што се очекува, долг и скап процес. Тие се согласија дека се потребни широки реформи за зајакнување на транспарентноста и борбата против корупцијата.
На крајот на дводневната конференција во градот Лугано во Швајцарија, лидери на околу 40 земји потпишаа Декларација со принципи за обнова на Украина.
Потписничките на Договорот, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција и Јапонија најостро ја осудија воената агресија на Украина и ја повикаа Москва без одлагање да ги повлече своите трупи.












