ТЕРА

REKLAMA???

ПОВТОРНО БИТОЛА СО НАЈВИСОКА ИНЦИДЕНЦА

Во периодот од 4 до 10 април тестирани се вкупно 14.434 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, има намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела (n=1.602). Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна
инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен –132,2/100.000*.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години Најмал број е регистриран кај возрасната група
од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 50-59 (38,1%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.712).
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 175 реинфекции, со намалување од 36,1% во однос на претходната недела.

Пријавени се 10 смртни случаи во 4 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (04-10.04.2022), за 23,1% помалку во однос на претходната недела (n=13).  Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (26.750,0/100.000) и Скопје (23.816,4/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Кавадарци и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка (Табела 1).

Регистрирано е намалување на инциденцата во последните две недели во 28 градови, со
најголемо намалување во Дојран, Кратово, Демир Хисар, Богданци и Македонски Брод.
Зголемување се забележува во Крушево, Пробиштип, Делчево, Свети Николе, Демир Капија, Битола и Ресен,

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка (7,4% помалку во споредба со претходна недела), нема пријавено лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (во споредба со претходна недела, кога беа пријавени 5 лица).

Инаку во Битола бројката на регистрирани новозаболени денеска изнесуваше 23, додека изминатата недела се движеше од 16 до 26 новозаболени.

Во Битола моментално има 153 активни случаи.