ТЕРА

REKLAMA???

ПОВТОРНО СУДИРИ МЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА

Воени судири долж границата меѓу Ерменија и Азербејџан се забележани доцна во ноќта. И двете страни се обвинуваат меѓусебе која земја прва отворила оган. Засега само министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека им загинале војници во новите гранични судири, пишува Радио Слободна Европа.

„Во вторникот во 00:05 часот (по Гринич), Азербејџан започна интензивно гранатирање, со артилерија и огнено оружје од голем калибар, против ерменските воени позиции во правец на градовите Горис, Сотк и Џермук“, соопшти ерменското Министерство за одбрана. Во соопштението се вели дека Азербејџан користел и беспилотни летала.

Но, Министерството за одбрана на Азербејџан ја обвини Ерменија за „големи субверзивни акти“ во близина на областите Дашкесан, Келбајар и Лачин на границата, додавајќи дека нејзините армиски позиции „биле под оган, вклучително и од минофрлачи од ровови“.

„Има загуби меѓу азербејџанскитe војници“, се вели во извештајот, без да се наведат бројки.

Соединетите Држави повикаа на прекин на конфликтот, при што државниот секретар Антони Блинкен рече дека САД се „длабоко загрижени“ поради ситуацијата, вклучително и „пријавените напади врз населбите и цивилната инфраструктура“ во Ерменија.