Русија во текот на изминатата ноќ истрела 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во масовниот напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од француските медиуми, а пренесува МИА.
Според прелиминарните податоци, 563 борбени и дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението.
Украинскиот систем оператор соопшти дека рускиот напад во текот на ноќта оштетил енергетски објекти во неколку украински региони, предизвикувајќи локални прекини на електричната енергија.
Нападот врз критичната инфраструктура во Виничкиот регион во централна Украина остави 60.000 корисници без електрична енергија, изјави денес локалната функционерка Наталија Заболотна, цитирана од британските медиуми.
Во ноќешниот напад врз една станбена петкатна зграда во Киев досега се извлечени телата на 14 загинати, а уште 48 лица се здобиле со полесни и потешки повредени.













