Дали државата знае да ги препознае спортски талентираните деца до 14 години и да ги мотивира со финансиска поддршка и вклученост во сите активности дома и надвор од земјата и покрај специфичната возраст која уште помалку од кај возрасните обликувани карактери гарантира задржување на интресот или истрајност кон високи резултати кои би биле тројна добивка –
промоција на градот, промоција на државата, пример за привлекување на нови млади талентирани деца.

10-тина најмали со пливачко помагало го отворија годинешнното 11 по ред „Император куп“ во пливање, меѓународен натпревар на кој учествуваа деца и младинци,членови на пливачки клубови од Македонија, Србија, Косово, а имаше и нашинец од пливачки клуб во Австралија.
Традиционално, се одржува во олимпискиот базен на Император од Битола, а го организира пливачкиот клуб „Олимпик“.
Елена Петровиќ со својата помала братучедка и својот татко дојдоа од пливачкиот клуб Лесковац од Лесковац. Во сите трки беше најдобра. Всушност со нас зборуваше меѓу две нејзини дисциплини. Плива веќе 8 години ,50 метри краул, 50 метри градно и 50 метри делфин.„Дојдов на натпреварувањето, да се натрпеварувам, дружам и уживам. Пливањето ме научи на многу животни лекции. Многу ми значи секојдневно да сум активна. Засега пливав во четири трки и во сите бев прва.“ – вели рутински, онака спортски.

Па дојдов на натпреварување и на одмор. – ни рече малата Исидора Митровиќ – „Пливам 50 метри краул, градно и делфин. Па пливањето е забавен спорти како што пливам се позабавно ми е. “
14 годишниот Даниел дошол овде на одмор со родителите. „Имав неколку натпревари во Австтралија и кога знаев дека ќе доаѓаме во Битола на одмор, си реков да се обидам и да најдам пливачко натпреварување во Македонија и да се забавувам. Јас пливам натпревари на 450 метри и слободен стил на 100 метри. Ова беше добро искуство. “ – ни рече Даниел.

Во градов пристапот кон турнирот, ако се суди според спонзорите – кои ги нема, турнирот нема многу големо значење. Но учеството носи до рангирање коешто на младинците и повозрасните кои учествуваат им се впишува во резултати постигнати во текот на една година на меѓународни натпревари, кадешто од старт се знае дека конкуренцијата е поголема. И, тоа води до препознавање од државата. А тоа е важно за родителите чии деца имат успеси. вели Иван Петровиќ од Србија. „Тука сум за да ги поддржам нашите учеснички, тука сме веќе втора година , одиме и на турнирот во Охрид. Го претставуваат тимот Лесковац од Лесковац. Самата желба да сака да тренира секој ден, пет дена тренира во текот на неделата, а тоа значи одрекувања на детето. Ако може детето да се одрекнува од некои работи, тогаш можеме и ние родителите да учествуваме во тоа. Со оглед дека е и училиштто вклучено, тоа значи постојано поклопување на термини – има обврски на училиште, обврски на тренингот и две други пропратни, значи многу е напорно, но кога има волја мора да можеме да направиме се.“
Дали Србија финансиски ги поддржува талентираните деца?

„ Да ги поддржува доколку остварат некакви резултати. Таа ( Елена) беше прва и сега од градот Лесковац ќе добие финасиска помош, не знам точно колку, но за успех Србија ги поддржува. Засега, најчесто одиме во сопствена режија, како и секаде, затоа што доколку треба да се потпреме на клубот тоа е трошок за клубот, па ние ја преземаме таа финансиската одговорност и еве, на пример доаѓаме овде и да се одмориме малку и кај вас и во Охрид , а и нашите деца да учествуваат во вашите натпревари. “
Занимавањето со спорт подразбира и големо сонување, а велат напорниот тренинг не претставува проблем за луѓе кои ја знаат сопствената цел. Таквите имаат визија како да ја остварат својата цел. 14 годишниот Даниел ги искористи сите можности на современата телекомуникација. Како во Австралија се поддржуваат пливачите?

Тони Ангелевски, татко на Даниел – „Ми испадна да дојдам на одмор на 2-3 недели и да завршиме неколку работи и се решив да го земам најстариот син, тука има братучед во слични години, да се запознаат. Побара на интернет, иако не очекував дека има се јави, најде во Охрид, потоа и во Битола си реков ќе го запишеме. Има мерак на пливање , успеа, и со среќа нека му е и нека си продолжи.
„Зависи, кога почниваат од мали целиот товар паѓа на мајката и таткото и продлжува. Ако ги видат дека одат ( напредуваат) , тогаш, инаку, влез на базени, тренери сами плаќаме, во клубот треба да се поставиш, кога ќе има утакмици (натпревари) надвор…. Ова е првпат што иСплива јако, зеде време за да може да плива во Австралија во Квинсленд. Сам(и) авион, сам(и) се’, спонзори барај си ,
тешко на млади години. Кога ќе видат на 16-17 дека многу брзо пливаат, Австралија е многу јака во пливањето, се познава, тогаш ги преземаат, оти во Австралија се оди на време. Скокаш на саат, излегваш на саат . Тежок товар, ама доколку успеат … ќе одиме по нив, родители, тоа ни е работа.“

Поддршката е тоа што е клучна на почетоците. Со базенот стопанисува „Император“, а Петар Трајковски е менаџерот. Школите за пливање и пливачките натпревари го полнат местото вели.„Сезоната добро ја оценуваме, беше добро посетено, и неколку журки напрвивме, забави, ноќно капење. Овде на пливачите им е добро, се забавуваат, си пливаат, ресторанот им е овде имаме
добра храна , горе кафичот за кафенце – се. Почнуваат од 9 часот, до 10 часот имаат тренинг, после има слободно пливање, за посетителите. Попладне пак од 5 часот до кај 6 некаде тренираат. Секој ден. “

Од 1 јули до 10 септември трае сезоната на отворен базен во Император, а потоа пливачите се„одмораат“ од своето пливање во тренинзите, што му доаѓа како принудна пауза.
„Има , пливањето во Македонија има иднина, кај нас во Битола , скромно. Овој базенот сега уште малку ќе затвори, како ќе правиме натаму тоа е наша обврска , но , пак ќе споменам, без затворен базен нема напредок, но сепак јас сум задоволен. Задоволен и од сопствениците на овој базен што ни дозволија двапати денот да тренираме, цело лето тренираме. Сега не чекаат уште
три натпревари, тука се припремаме,понекогаш и на оној спортскиот центар што е направен кај салата надвор, така да скромно да кажеме , но ако имаме такво нешто сигурно ќе бидеме јаки во Македонија.“ – ни рече Кире Марковски, тренерот во ПК „Олимпик“.

За тоа колку сме јаки резултатите покажуваат на натпреварите на кои учествуваат македонските млади спортисти. Правилниците на Агенцијата за млади и спорт врз основа на законот за спорт ги категоризираат спортистите и спортските клубови кои се граѓански организации со спортска дејност и , се регистрираат во општински или национален сојуз. Сите тие
треба да ги организираат спортските натпревари и да ги бележат резултатите. Националната федерација на спортови еднаш годишно предлага избор на спортисти во категоријата СПОРТСКА НАДЕЖ, за млади до 20 години и ги доделува државните стипендии, по 500 на годишно ниво.












