Имено, на анкетното прашање „дали посетувавте проекции на интернационалниот фестивал „Браќа Манаќи“ скоро 44% од граѓаните кои учествувале во анкетата дале потврден одговор – дека посетувале проекции. 56% го дале негативниот одговор, не посетувале проекции на овогодишниот фестивал на камерата.
Фестивалот е еден од препознатливите културни настани во Битола со меѓународен предзнак во името. Но, тоа, според оваа анкета, очигледно не е доволно или препознатливоста не значи правопропропорционално и посетеност.
Прашањето е поставено во контекст на постојната дилема дали фестивалот „Браќа Манаќи“ е фестивал на публиката или фестивал на некоја елита. Дали е фестивал на градските топ филмски фанови и познавачи на филмската индустрија кои се присутни на секоја од проекциите или пак на некоја филмска елита, која додека не добила награда, ниту знаела дека Битола постои.
Во официјалната комуникација на 47-то издание се вели дека фестивалот се одржува во присуство на љубители на филмската уметност, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го опишува како „духовна храна за битолчани“. Но, фотографиите и изјавите од битолчани не говорат во прилог на констатацијата на официјалните инстанци кои во своите говори ја поврзуваат симболиката на секој од напишаните зборови. Анкетата вели повеќе од половина од анкетираните не посетиле проекција.
Годинешниот ПР на фестивалот тврди дека биле донесени 80 врвни филмови од сите жанрови по програми, дека имало 700 гости и врвни имиња од светот на филмот. Но, нема информација за публика. Последната таква којашто ќе ја најдете на интернет е од 2012 година и вели дека за време на 7 дневниот фестивал на проекциите биле избројани ( низ продадени влезници за на кино) 16.000 посетители.
Вака, очигледно е дека повторно се јавува еднаш препознаениот проблем во однос на публиката којашто е присутна на фестивалот, каква се очекува, каква се развива ако се развива . И, дали и кој потфрлил во работата којашто треба да се направи за публиката, за време на одржувањето на фестивалот, биде во кино салите.












