ИНТЕРФЕСТ СИНОЌА ПРОДОЛЖИ СО ПРОГРАМАТА „ПОДИУМ НА МЛАДИ“, НАСТАПИЈА ЕДИНАЕСЕТ ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ НА ДРЖАВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА. ПРЕТСТАВЕНИ БЕА КЛАСИТЕ ПО ПИЈАНО, ВИОЛИНА, ХАРМОНИКА, СОЛО-ПЕЕЊЕ, УДИРАЛКИ И КЛАРИНЕТ
Јана, Мила, Емануел, Михаела, Антонија, Теона, Дафина, Антонио, Давид, Лина, Софија се годинешните изведувачи ИНТЕРФЕСт кои на својата публика и понудија малку поинаков звук од модерната дигитална музичка сцена.

„Интерфест“ од својот старт има мисија за промоција на младите интерпретатори кои се определиле за класичната музика. Директната соработка со Државното музичко училиште започнало од 2026 година, и ваквото фестивалско престатвување на класите и талентираните млади, претставува нивно претставување на меѓународна сцена, зборуваше уметничкиот директор на ИНТЕРФЕСТ Милица Шперовиќ-Рибарски на прес конференцијата непосредно пред стартот на 35-то издание.
Со стручните соработници концертот понуди солитички и камерни состави, а покрај доминантното пијано, се претставија и млади уметници на виолина, хармоика, ксилофон , саксофон и вокален дует.

Се интерпретираа ремек дела од романтизмот и класицизмот Моцарт, Брамс, Шопен и Чајковски, дело на балкански автор и модерна современа композиција за дувачки инструметни.
Познавачите велат изборот на програмата е наменета за напредни ученици од 3ти и 4 клас кои демонстрираат високо ниво на изведувачки вештини. Целосно, концертот ја покажа важната менторска работа на професорите и корепетиторите кои ја овозможија уметничката поддршка Анастасија Гичевска, Александра Ристевска, Злата Даниловска и Маја Божиновска.
Истовремено, во време на вештачка интелигенција и современи мелодиски и ритмички жанрови кога како да рециклирала парчиња од светската музичка антологија, синоќешниот концерт дојде како потсетник за моќта на поврзување меѓу оригиналните дела на старите композитори, и поврзувањето на изведувачот со својата публика.












