На годинашниот интернационален фестивал на класична музика Интерфест се одржа подиум на млади пијанисти, талентирани ученици на Државното музичко училиште- Битола од
специјалниот оддел за пијано.
На концертот настапија:
Софија Михајловска, втори клас во класа на м-р Маја Божиновска со изведба на дела од Шопен и Лист.
Кристијана Илиевска, трети клас во класа на м-р Билјана Димовска со изведба на дела од Дебиси и Менделсон.
Давид Стојчевски, четврти клас во класа на м-р Билјана Димовска со изведба на дела од Рахманинов и Брамс.
Анастасија Петреска, четврти клас во класа д-р Татјана Божиновска со изведба на дела од Шопен и Брамс.
Димитриј Стојчевски четврти клас во класа на д-р Татјана Божиновска со изведба на дела од Рахманинов и Лист.












