Од ноќеска поевтинуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени во просек се намалуваат за 1,85 проценти.
Најголемо намалување има кај дизелот. Еуродизелот поевтинува за 3 денари за литар и сега ќе се продава по 97 денари.
Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1,50 денари, па литар ќе чини 98,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 100,50 денари.
За 3 денари по литар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега ќе чини 108,50 денари за литар.
Поевтинува и мазутот М-1 НС за 0,285 денари за килограм, со нова цена од 49,597 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поевтиниле во просек за 2,85 проценти, дизелот за 4,77 проценти, а екстра лесното масло за
Врз формирањето на цените влијаеле и даночните елементи. При пресметката е применета намалена акциза од 4 денари за литар кај бензините и дизелот, додека за Еуродизелот е применета повластена стапка на ДДВ од 10 проценти.
Со новата одлука, сите нафтени деривати во просек поевтинуваат за 1,85 проценти.











