ТЕРА

REKLAMA???

ПОЖАРИ И ТЕМПЕРАТУРИ НАД 42 СТЕПЕНИ ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА

Западна Европа денеска се соочува со уште потопол бран, а во Франција и Велика Британија се издадени предупредувања за екстремно топло време додека северна Шпанија регистрира температура од 43 степени.

Во Франција, поради шумите пожари на југозападот на земјата досега се евакуирани повеќе од 16.000 луѓе, а пожарите се шират во Шпанија, Хрватска и Грција

Франција прогласи портокалова тревога во 22 департмани, главно долж брегот на Атлантикот. На југот на Шпанија, повеќе од 3.200 луѓе избегаа од пожарот во ридовите недалеку од Малага, а шумски пожари избувнаа во провинциите Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура. Во моментов пожарите во Португалија се под контрола.

Во Мароко властите наредија евакуација на повеќе од 1.300 луѓе поради шумските пожари на северот на земјата.

На Крит, грчките пожарникари се борат со голем пожар во ридовите на северниот брег. Минатата сабота беше пријавено дека пожарот е делумно локализиран. Пожари беснеат и во шумите на југозападна Турција и на хрватското крајбрежје.

Во близина на Задар и Шибеник избувнаа неколку пожари, но немаше поголема евакуација на населението.