ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛЕТЕН СТАРТ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ, МАКЕДОНИЈА ЈА ДЕКЛАСИРА ГРЦИЈА ВО ОРАН

Најдобрата македонска репрезентација во својот прв натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир, триумфираше убедливо над Грција со 39-21. Момците на Лазаров играа полетно и атрактивно и до врв ја наполнија грчката мрежа.

Најдобар кај стрелците беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Ненад Костески со пет постигнати гола, исто колку што имаше и Петар Атанасијевиќ. Утре од 17:00 часот следи дуелот против Алжир, домаќин на Медитеранските игри. Македонија е во група уште со Шпанија, Алжир и Турција. Првите две од групата одат во полуфинале и битка за медал.