ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛСКА ЈА КРИТИКУВА ГЕРМАНИЈА ЗА ТЕНКОВИТЕ „ЛЕОПАРД“

Полскиот премиер го критикуваше, како што вели неуспехот на Германија да испорача тенкови „Леопард“ на Украина, нарекувајќи го ставот на земјата „неприфатлив“, пишува Радио Слободна Европа.

Берлин се двоуми дали да ги испрати тешките тенкови или да дозволи други нации да ги префрлат во Киев.

Завчера педесетина земји се согласија да му обезбедат на Киев воена опрема вредна милијарди долари, вклучително и оклопни возила и муниција потребни за да се потиснат руските сили.

Во моментов, дозволата за извоз на „Леопард 2“ е во сопственост на Германија, што значи дека и на другите земји им треба германско одобрение за да ги испратат своите тенкови во други земји.