ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛСКИ ИСКУСТВА НА ПАТОТ ДО ЕУ-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БИТОЛА

„Полска и Балканот во Европа -успеси и предизвици“, на оваа тема денеска почна научна конференцијата во Битола. Конференцијата е резултат на заеднички проект на Правниот факултет од Битола со Центарот за Европа од Универзитет во Варшава, а финансиски подрржан од Министерството за надворешни работи на Полска.

„Главната цел на проектот е да се пренесе искуството во евроинтегративниот процес и воедно да се изрази силната поддршка која што Р.Полска и ја дава на Република Северна Македонија на евроинтегративниот пат и на другите држави од Западен Балкан кои што се наоѓаат во тој евроинтегративен процес. Со универзитетските професори од Полска ќе презентираме трудови и видувања за подобрување на стандардите и состојбите во Република Северна Македонија и државите од Западен Балкан, а со цел динамизирање на евроинтегративниот пат“, рече проф.др.Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола.   

Според директорот на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава во Полска, искуството на неговата држава и патот до членство на ЕУ е значајно и за македонската влада, но и за граѓаните.

„По повеќегодишна, десетгодишна стагнација сега повторно се зборува и е момент за проширување на ЕУ и ЕУ размислува за проширување и не само на Балканот. Ова е момент кој треба да се искористи иако станува збор за долг процес кој можеби ќе трае и 15 години. Верувам дека по завршувањето на тој процес Македонија ќе стане членка на ЕУ“, рече професор Камил Зајачковски, директор на Центар за Европа при Универзитетот во Варшава во Полска.

Утре на Правниот факултет ќе се одржат и неколку работилници исто така со професори од Полска и со поддршка на Министерството за надворешни работи на Полска.

„Импонира тоа што Министерството за надворешни работи на Република Полска која на Правниот факултет во Битола ќе биде презентирана низ неколку работилници во кои ќе бидат вклучени и наши студенти“, рече Илиќ.

Поддршка на конференцијата дадоа амбасадорот на Полска, битолскиот универзитет, министерката за култура и градоначалникот на Битола.