ТЕРА

REKLAMA???

ПОМОШНИКОТ НА ДРАГАН БАЈИЌ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ НА СЕЛЕКТОРСКОТО МЕСТО НА КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Александар Јончевски е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и на чело на националниот тим доаѓа како замена за Драган Бајиќ, кој вчера се повлече од функцијата.

Четириесет и едно годишниот Јончевски во изминатиов период беше дел од стручниот штаб, а на два меча од квалификациите за Светското првенство и ја предводеше селекцијата бидејќи Бајиќ мораше да замине во изолација поради позитивен тест на Ковид-19.

Јончевски беше дел и од стручниот штаб на Марјан Србиновски на Европското првенство во 2015-тата, беше дел од тренерскиот тим додека репрезентацијата ја водеа Марјан Лазовски и Јорданчо Давитков.