ТЕРА

REKLAMA???

НАД 30% ОД СЕМЕЈСТВАТА ВО ДРЖАВАТА СЕ БРАЧНИ ПАРОВИ БЕЗ ДЕЦА

Денеска Државниот завод за статистика го објави четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

Според податоците: 

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632,а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства,468336 лица или 5% живеат  во четиричлени  домаќинства.

Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .

Бројот на семејства изнесува 538 348.

Според семејниот состав: 233570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаатбрачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или 31. 1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.

Според начинот на снабдувањена домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод,додека 2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење. 

Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.

Од вкупно 839174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,                   34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.

Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%,а само 13 142 или 2.5% иматпристап за лица со посебни потреби, покажуваат податоците кои ги објави државниот завод за статистика.