Утрово -2 степени во Берово, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Струмица, Крива Паланка, 4 Штип Крушево, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Претор, 6 Битола, Виница, Велес, Прилеп, Охрид, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, 8 Тетово, 9 Гевгелија.
Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец.
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и силен ветер (над 60км/ч.).
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени. Во Битола во 15 степени.












