ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕР СО ДОЖД

Утрово 1 степен во Берово, 2 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 5 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Гевгелија, 6 Охрид, Претор, Прилеп, Дојран, 7 Скопје-Зајчев Рид, 8 Крушево, Дебар, Виница.  

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е насекаде облачно.

Облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На повисоките планини во северозападните делови попладне врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Битола до 13 степени.