Денеска претпладне во западните делови променливо облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
Дневните температури од 17 до 23 степени. Во Битола до 22 степени.












