ТЕРА

REKLAMA???

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИ

Израелската влада одобри прекин на огнот во војната против Хамас. Договорот предвидува милитантната исламистичка група да ослободи приближно 50 од околу 240 заложници што ги киднапираше во Појасот Газа за време на терористичкиот напад врз Израел на 7-ми октомври. Примирјето исто така овозможува хуманитарна помош за Појасот Газа.

Хамас го потврди ослободувањето на 50-те заложници во рамки на четиридневниот прекин на огнот и рече дека договорот за возврат предвидува ослободување на 150 палестински затвореници. По тешки преговори со посредство на Катар и Египет, беше постигнат договор, соопшти терористичката организација на Телеграм.

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахупак, соопшти: „Владата ги одобри контурите на првата фаза од договорот што вклучува ослободување на најмалку 50 киднапирани – жени и деца – во текот на четири дена во кои ќе нема борби“.

ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапиран од Хамас и за пауза во конфликтот.

„Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски“, наведе претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во пораката.