ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА БОРА ЧОРБА ОСНОВАЧОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА РИБЉА ЧОРБА

На 72-годишна возраст, по кратко боледување, во Љубљана почина Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, рок-музичар, пејач, поет, основач на групата Рибља чорба, eден од најголемите бендови во поранешна Југославија, и потоа во регионот. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор. Инаку, тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.

„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика“, им порача тогаш Бора на организаторите.

За жал, сега не успеа да ја добие битката. Тој беше чест гостин на Тера телевизија, секогаш кога гостуваше во Битола. Битолската група Паркети беа предгрупа на концертот на Рибља чорба пред две години, а македонскиот рокер Сале Андриески сними дует со Бора. Групата Fudge му беше предгрупа на две турнеи низ Македонија.Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски исто така настапуваше на сцена со Чорба.