Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот британски монарх чие владеење траеше седум децении, почина во денесака на 96-годишна возраст, објави Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета беше на тронот од 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.
Таа почина во замокот Балморал во Шкотска, откако лекарите рекоа дека се загрижени за нејзиното здравје.
Таа формално ја назначи Лиз Трас за 15-ти премиер од нејзиното владеење на 6 септември и е фотографирана како стои за да се ракува со неа. Кралицата Елизабета по првпат ја изведе церемонијата во Балморал во Шкотска, наместо во Бакингемската палата.

На 7 септември таа се повлече од планираниот состанок со високи политички советници, откако и било кажано да одмори.
На 8 септември, утрово, Бакингемската палата издаде многу необичен билтен за здравјето на монархот во кој беше наведено дека лекарите се загрижени и препорачале таа „да остане под медицински надзор“.
На почетокот на оваа година кралицата Елизабета ја прослави својата 70-та година на тронот.












