ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧНА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИ ОД „АЗОВСТАЛ“

Првата група цивили е веќе евакуирана од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, откако беше прогласен прекин на огнот.

Градоначалникот на Мариупол изјави дека околу 1000 цивили останале во фабриката за челик, а 600 од нив биле повредени. Украинските власти не кажаа колку борци има таму.

Местото, целосно опкружено со руски војници, е последното засолниште на украинските војници и цивили.

Руската новинска агенција ТАСС вчера објави дека група цивили го напуштиле „Азовстал“. Медиумите кои се на местото на настанот известуваат дека од челичарницата излегле вкупно 25 лица, меѓу кои шест деца на возраст до 14 години.

Сателитските снимки на „Азовстал“ покажуваат дека комплексот на фабриката за челик претрпе големо уништување и дека речиси секоја зграда е уништена.