ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР НА НОВ РЕКТОР

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола отпочна постапка за избор на Ректор на слободни непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 01.10.2022 до 30.09.2025 година.

Кандидатите за Ректор треба да ги достават потребните документи во оригинал или копија заверена кај нотар, во печатена форма, во рок од 12 (дванаесет)  дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас до Универзитетска изборна комисија, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, ул.„Бул. 1 ви Мај“ бб Битола, во архивата на Ректоратот или по пошта, со назнака „За Јавниот оглас“.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во согласност со одредбите на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола.