Предлог законот за странски агенти, кој предизвика бран на протести во Тбилиси, е повлечен од грузискиот парламент, јавуваат медиумите.
Таквото решение предвидува дека организациите кои од странство ќе добиваат повеќе од 20 отсто од својот буџет, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подложат на мониторинг од страна на Министерството за правда или во спротивно ќе се соочат со казни.

Ваквото законско решение предизвика силни реакции во јавноста, која втор ден по ред излегуваше на масовни протести, а полицијата употреби солзавец и водни топови за да ги растера илјадниците демонстранти, кои излегоа на улиците на главниот град Тбилиси.













