ТЕРА

REKLAMA???

ПО ИНСПЕКЦИЈАТА, ВО ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР ЗАБРАНА ЗА ПРЕТСТАВИ И НАСТАНИ

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот.

Забраната е од инспекцијата на Дирекцијата за заштита и спасување која направи контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на раководството на театарот, а потоа и на Министерството за култура и туризам.

Од театарот рекоа дека тоа значи дека овој објект на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.

„Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време. Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман“ стои во објаснувањето од театарот.