ТЕРА

REKLAMA???

ПО 20.ПАТ ПРАЗНИКОТ НА МУЗИКАТА СОЛСТИС ВО БИТОЛА

На вториот ден од битолското културно лето Бит Фест на програмата беше 20-то јубилејно издание на фестивалот Празник на музиката или „Солстис“. На десет локации низ Битола се славеше музиката. 20-то издание беше со богата програма и сите присутни уживаа во позитивната енергија на музиката, благодарение на бројните изведувачи.

Настанот беше во организација на Француската алијанса во соработка со почесниот конзул на Франција во Битола.

Овој празник низ светот се слави на 21 јуни со настапи на аматерски и професионални музичари на отворени сцени, на градски улици како ина плоштади. Со разните музички приредби воедно се обележува и календарскиот почеток на летото.

Во 1982 година на 21 јуни – денот на летниот солстициј – преку иницијативата на тогашниот француски Министер за Култура, Жак Ланг и Маурис Флорет, француски компзоитор и новинар  за прв пат се прослави и востанови Денот на музиката, односно Празникот на музиката (“Fête de la Musique”).

Денес се одбележува во над 180 земји во светот. Празникот на музиката се одржа со поддршка на Општина Битола и беше во рамките на Бит Фест 2022.