ТЕРА

REKLAMA???

ПРВАТА СЛИКА НА ТЕЛЕСКОПОТ„ЏЕЈМС ВЕБ“ ГИ ПОКАЖУВА НАЈДАЛЕЧНИТЕ ГАЛАКСИИ

Телескопот Џејмс Веб, најмоќниот кој некогаш бил поставен во вселената, ја испрати најчистата фотографија досег од раниот универзум, каков што бил пред 13 милијарди години, соопшти НАСА.

Неверојатната фотографија, објавена од Белата куќа, е преполна со илјадници галаксии и на неа можат да се видат најдалечните објекти, обоени во сини, портокалови и бели бои.

Со телескопот вреден 10 милијарди долари направена е најдлабоката фотографија што човештвото некогаш ја видело, и во време и во далечина, поблиску до зората на времето и до работ на универзумот.

Експертите сметаат дека овој телескоп, за чија изработка беа потребни три децении и кој беше лансиран минатата година, може да направи револуција во нашето сфаќање на космосот, преку обезбедување детални инфрацрвени слики од Универзумот.