Владата соопшти дека со цел транспарентно информирање на јавноста, денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог.
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик
Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.












