ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“

Изложбата на фотографии “Иднина во минатото“ на авторот Игор Трајковски Фоја, беше отворена во Офицерскиот Дом во Битола, а целата поставка е префрлена во просториите на “Радост-кафе“ во Битола, се до 7-ми Мај.

Авторот Игор Трајковски Фоја од Битола, се потруди низ еден визуелно-естетски, мисловен, перформанс, споделувајќи слики и спомени од Истокот, преку визуелниот наратив, да не понесе кон едно мечтаење, за долго очекуваната иднина, која можеме да ја споредуваме само со досега искусеното минато. На отворањето Фојата истакна:

„Сметам дека времето е највредната валута. Можеме само да го трошиме, без никаква можност за надоканaда, се додека целосно не го потрошиме. Времето било предмет на интерес за низа мислители, духовници, уметници па дури и секој еден од Вас. Фотографијата е таа, која може да откине миг од минливоста на времето и да го зачува, целовито.  Мора да се сложиме дека изминатите 2-3 години, живеевме во новото секојдневие, во кое беше умешност, да се одржи физичкото, а да не се наруши менталното здравје. Во иднината ваквото човеково однесување ќе биде забележано како засебна епизода во рамките на еволуција. Што тоа ќе значи за светот во кој ќе живееме, ќе покаже само судот на времето“.

Зошто иложба на фотогррафии, зошто иднина во минатото.

„Изминатите година-две работам на книга, која ќе се издава летово и за која ќе бидете известени. Во книгата, се навратив на мојот престој во Кина во 2019,бев фасциниран од новиот светоглед кој ми се отвори. Кон крајот на 2019 пробав сето тоа да го артикулирам во нешто слично на ова денес, но не се снајдов баш. Сето тоа искуство таму го насловив како „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“, едноставно тогаш бев на прв поглед бев фациниран од сето тоа што ми го пружи градот, Шенжен,кој делуваше како град од инината. Но како што откривав, делови од мозаикот, стануваше јасно дека таа идниа се изградила, на темелите на едно богато минато“.

Трајковски е роден во Битола, познат како Фојата. Тој е автор, фотограф, графички дизајнер и филмски сценарист. Во уметноста навлегува со комбинации на фотографија и уметничка графика. Негови графики се дел од повеќе изложби во земјата и Европа. Автор е на книгите „Кукла“ – 2010 (кратки раскази) и романот „Снежна Пустина“ – 2013.  Главен и одговорен уредник е на зборниците за литературна уметност: Колегиумски Записник 001 (2014); Колегиумски Записник 002 (2015); Колегиумски Записник 003 (2016); Collegium Enclosure (2017). Уредник на списанието „Магента“ кое од 2015 па наваму третира теми поврзани со уметноста посебно во Битола и регионот. Основач е на групата „Live Литературен Перформанс“, организатор е на фестивалот „300 работи, триста“ Фестивал за литература и аудио визуелни уметности. Добитник е на многубројни награди од областа на литературата меѓу кои: Прва награда за поетска творба на поетската манифестација „ПЛАНЕТОПИЈА 2019“;  Медал „Културен Центар Месопотамија – Белград“ 2020;  Специјална награда за поезија „ ГРАД ГАЛАТЕО-АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС“ – Меѓународен натпревар во Рим, Италија за песната „ТИ И ЈА“ (препев на српски јазик) 2020. Завршил Постдипломски студии на Филмската академија во Охрид – ИФФА (FIOFA).

Селектор на фотографиите беше Коста Дупчинов, креативната видео монтажа ја направи Кети Талевска Бакревска, музиката Sweet Rapscalions, естетскиот осврт Филип Иванишевиќ.

Изложбата беше отворена со проекцијата на видео артот кој се третира како 17 поставка, после 16-те слики, а за изложбата беше испечатен каталог, кој може да го добиете во “Радост кафе“, каде сега се наоѓа изложбата.

Промотори на изложбата беа проф.д-р. Златко Жоглев и директорката на Офицерскиот дом д-р. Лили Бошевска.