Во рамките на фестивалот Илинденски денови беше промовирана изложбата на младиот уметник и етнокореолог, Бојан Петковски од Скопје со наслов „Скутина, фута, бовча, диљка“.
Во фокусот на изложбата се скутините и нивната богата орнаментика како составен дел од народните носии карактеристични за одредени предели.

„Фестивалот на кој изминативе години растев научно и уметнички со секој мој проект, оваа година домаќин на мојата најнова изложба „Скутина, фута, бовча, диљка. Оправданоста на нештата се црпи од нивниот континуитет. Оттука, мојот комплементарен однос со Фестивалот „Илинденски денови“ е еднаков на годови. И како што вели слоганот на фестивалот „Од корените…до цветот“ мојата изложба е токму тоа, симбиоза на корените (изложени скутини) и цветот (уметничкиот концепт за прикажување на истите)“ истакна Бојан.
Изложбата „Скутина, фута, бовча, диљка“ се реализираше со поддршка од Министерството за култура.












