Денеска прекинува посебниот сообраќаен режим со кој на товарните возила со вкупна маса над 15 тони им беше забрането движењето на државните патишта.
Секоја година во перидото од 1 јули до 31 август на државните патиште се воведува летен сообраќаен режим. Товарните возила не смеат да возат во времето на викенд, во петок од 17.00ч до 22.00ч, во сабота од 9.00ч до 18.00ч и во недела од 9.00ч до 22.00ч.
Оваа забрана се воведува и во деновите со екстремно високи температури и за забрзување на сообраќајот на лесните возила.












