ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКУ ЕУ ФОНДОВИ НАБАВЕН НОВ КАМИОН ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД И КОМУНАЛНА ОПРЕМА

Општина Битола набави камион за отпад со мала големина и останата комунална опрема во вредност од 82.750 евра,  во рамките на проектот “БАИР-Здружена Акција на Битола за вклучување на Роми”, финансиран од Европската делегација и имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.

Набавената опрема е наменета за ефикасно собирање на комунален отпад и одржување на јавните простории во населба Баир во Битола.

Локалните власти и граѓаните истакнуваат дека оваа инвестиција преставува решение на долгогодишен проблем во населбата, каде што собирањето на отпад беше ограничено поради географските и просторни предизвици. Се очекува се дека оваа иницијатива ќе има значителен позитивен ефект врз квалитетот на живот во населбата Баир и ќе послужи како пример за подобрување на комуналната инфраструктура во други слични области.

„Еден од главните предизвици, поради структурата на населбата Баир е собирањето на комуналниот отпад, одржувањето на јавните површини, како и хортикултурното уредување. Набавениот камион за собирање на смет со помали размери, кои одговараат на структурата на улиците во населбата Баир, како и помошните алати и делови, денес ќе бидат предадени на Јавното претпријатие Комуналец, кое понатаму ќе ги користи, со единствена цел, ефикасно собирање на отпадот од оваа населба и одржување на јавните површини. Претходно, на денешната активност и претходеше и одлука од Советот на општината, со која опремата е дадена на користење и употреба на ЈП Комуналец за сервисирање на потребите на граѓаните Роми во населба Баир. На овој начин, како локална самоуправа, покажуваме дека секое населено место во градот и околината, во рамките на нашата општина ни е важно. Ги слушаме потребите на граѓаните, постојано сме во активна комуникација и се трудиме во рамките на можностите, да ги надминеме заеднички предизвиците и да ги задоволиме потребите на локалното население.

Преку овој проект, да напоменеме дека во населбата Баир се имплементирани и други активности, кои исто така имаат свој бенефит, особено за ромското население. Со проектот „Баир“, опфативме и реконструкција на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“, со вредност од над 5,5 милиони денари,

За нас, како локална самоуправа е особено важно што наидовме на соработка со локалното население, со кое заеднички полесно и подостапно се реализираше проектот Баир. Очекувам и во иднина да бидат реализирани уште многу проекти за добробит не само на локалното ромско население, туку и за жителите на сите населби кои што живеат во субстандардни услови“, рече градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

Камионот за отпад претставува клучен дел од оваа инвестиција и ќе овозможи ефикасно и брзо собирање на комунален отпад во овој дел на градот. Со неговата мала големина, специфично проектирана за овој контекст, преставува одлично решение за движење во тесните улички, каде што претходно беше предизвик за големите комунални возила.

Освен камионот, проектот вклучува и пет тримери за трева и една косилка, со што ќе се подобри уредувањето и одржувањето на јавните простории во населбата Баир.

“Со задоволство би сакал да истакнам дека проектот БАИР со своите активности дирекно влијае на квалитетот на живот на маргинализираните заедници, особено во населбата Баир. Благодарни сме што активностите во овој проект не само што го идентификуваа секојдневниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните на оваа населба, туку и понудија реални решенија. Новиот набавен камион за собирање на отпад и комунална опрема ќе придонесат во подобрување на комуналната инфраструктура во нашиот град и ќе создадат подобри услови за секојдневниот живот на локалната заедница во населба Баир. Во следниот период, до крајот на месец март 2024, предвидуваме реализација на следниве активности:

– Поставување на 18 клупи на различни локации во населба Баир.

– Поставување на 8 контејнери за подобрување на системот за одвојување и собирање на отпад.

– Обновување на постоечките клупи кај месната заедница “Димитар Влахов” и поставување на корпи за отпадоци.

– Чистење на веќе идентифицираните диви депонии во населба Баир.

Овие активности се дел од нашата посветеност кон подобрување на животот во нашата заедница и создавање на чиста и безбедна околина“, истакна Горан Степановски, директор на ЈП Комуналец.