ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕМИЕРОТ ЏОНСОН ВО КИЕВ СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ

Британскиот премиер Борис Џонсон пристигна во Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за како што соопштија од Кабинетот на Џонсон, да покаже солидарност.

Кабинетот на Џонсон на 9 април соопшти дека премиерот се среќава со Зеленски „во знак на солидарност со украинскиот народ“ и дека двајцата „ќе разговараат за долгорочната поддршка од страна на Обединетото Кралство за Украина и дека премиерот ќе претстави нов пакет финансиска и воена помош“.

Амбасадата на Украина во Британија на Твитер објави фотографија од Џонсон со Зеленски.