Земјотрес со јачина од 3,1 степен според рихтеровата скала претпладнево е регистриран во Албанија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар земјотресот се случи во 10:05 часот.
Во 10:08 часот имаше земјотрес со јачина од 2,6 степени.
Утрово беше регистриран уште еден потрес. Се случил во 8:01 часот по локално време, а јачината била 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот на 21 километар североисточно од Тирана. Серија земјотреси во изминатото деноноќие се регистрирани од ова епицентрално подрачје, а најсилниот потрес беше синоќа со јачина од 4,8 степени според Рихтер.
Земјотресот беше почувствуван и во поголем дел од Македонија.












