Во текот на ноќта имавме променливо облачно со тоа што на повеќе места облачноста се намали. Утрово е сончево со мала до умерена, а на места претежно во западните делови има зголемена облачност.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. Во Битола до 28 степени.
УВ индексот =7












