ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПРАЗНИЧНО ЧИСТЕЊЕ НА КРУШЕВО

По неколкудневното чистење на главната сообраќајница денес „Комуна“ работи на чистење на споредни улици и поважни локалитети.

Денес се расчистува во центарот на Крушево, околу Основен суд Крушево, околината на црквата Св. Троица, гробиштата и околината, еден дел од паркингот во центарот, во близина на хотелската зона и други локации во насока на претпразнично уредување на градот.

За престојниот викенд од претпријатието апелираат на „паметно“ фрлање и складирање на отпадот, односно избегнување на расфрлање на ѓубре околу контејнерите.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски на својот Фејзбук профил напиша „Продолжуваме претпразнично. Чисто и уредно, поубаво Крушево“.