ТЕРА

REKLAMA???

ПРИВАТНИТЕ ДВОРОВИ И ОГРАДИ И ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Чести се примерите во градот кога сообраќајот не може да се одвива според правилата заради различни дрвја или грмушки кои ја  попречуваат прегледноста или пак го попречуваат погледот на крстосница. ова се случува и покрај фактот дека битола има одлука за комунален ред, комунален инспекторат кој постапува и историја на санкционирани граѓани.

Црвено, жолто, можеби зелено. Автомобилите , возачите кои имаат намера да се движат по улицата 4 Ноември од крстосницата со улицаљта Димитар Илиевски-Мурато секојдневно се соочуваат со проблем во видливоста на семафорот. Причина за тоа е една,деновиве исушена винова лоза којашто потекнува од куќата до која е поставен семафорот.

Овој е само еден пример. Во Битола ги има повеќе. Не се само семафорите невидливи, невидливи се и споредните улици заради порасната трева или грмушки, долж јавниот простор што, вообичаено се граничи со некој имот.

Граѓаните, очекуваат таквите просторчиња да ги исчистат јавните односно комуналните претпријатија.

Дали чистењето на гранки, треви, грмушки е обрска на комуналните претпријатија?

Според одлуката за комунален ред којашто општина Битола ја донела во 2012 година. Може да се толкува дека има споделена одговорност. Најпрвин под комунален ред се мисли на уредување на населените места и поблиско уредување на односите и начинот на вршење на комуналните дејности меѓу даватели на услиги и корисници. Одлуката определува дека за јавниот простор се грижи општината. Но подолу во делот Уредување на населените места предвидува дека „ Сопствениците, односно корисниците на станбени и деловни објекти, кон кои што припаѓаат огради кои се наоѓаат покрај јавни површини, се должни оградите да ги одржуваат во исправна состојба и во состојба во која што не претставуваат пречка или опасност за нормалното движење. А Живите огради кои се наоѓаат покрај јавни сообраќајни површини задолжително редовно се одржуваат и најмалку три пати годишно се поткаструваат, така што со своите гранки не ја преоѓаат регулационата линија на јавните сообраќајни површини и не го попречуваат сообраќајот. “

Оттука, толкувањето споделена одговорност, која што, исто така со одлука, може да стане конкретна одговорност. Светот има примери за санкционирање  на сопствениците, затоа што нема искуство на комуналци кои не ги завршуваат обврските. Регулативи кои ги обврзуваат сопстгвениците на недвижности ( станбени куќи или дворови) да го одржуваат имотот во уредна состојба, да ги средуваат дворовите, да не дозволуваат запуштеност, или неконтролирана вегетација.

Во град во  Аризона има документ кој се нраекува  „Стандарди за одржување на имотот“. Во него  се вели: „Сите надворешни простории и земјиште треба да се одржуваат … така што ќе бидат ослободени од сува вегетација, плевел, плевел, грмушки и висока трева … Во град во Калифорнија има обврска на сопствениците на домовите да ја исчистат „Надворешната акумулација на плевел… отпад… остатоци што се видливи од јавна улица, тротоар или дел од патот.“ Нивните веб страници наведуваат дека градот може да ги казни што не го одржуваат дворот според општинските кодови.

Вакви примери има и на Балканкот. Во општина Бродски Ступник во Хрватска е донесена одлука за Други мерки на комунален ред, кадешто се наведува дека Дворовите и деловниот круг на физичките и правни лица со поглед на улица или јавна површина мора да бидат уредни, а во Општина Илиџа во Босна и Херцеговина пак одлуката за комунален ред пропишува одржување на станбените објекти и дворови кои се во сопствеништво на правните и физичкиите лица. Во спротивно, следуваат санкции.