ТЕРА

REKLAMA???

ВРНЕЖЛИВО ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

Врнежливо утринава во цела држава. Според УХМР, количината на врнежи измерени за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) изнесува 24 Крушево, 18 Тополчани 12 Прилеп, Битола, 10 Берово, 8 Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 Маврови Анови, 6 Претор, Демир Капија, 5 Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 Велес, Ѓуриште, 1 Гевгелија.

Прогнозата за денеска вели дека цел ден ќе биде променливо и облачно време со врнежи од дожд. Температурата во Битола и регионот ќе се движи од 9 до 13 степени Целзиусови.

„Под влијание на влажна воздушна маса денес ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15 l/m²) и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.“ – велат од УХМР.