ТЕРА

REKLAMA???

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ВО БИТОЛСКО ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР

Битолската полиција соопшти дека синоќа во 19:20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола лишиле од слобода 27 годишно лице од с.Кременица.

Според соопштението на полиција, лицето било затекнато како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај лицето била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. Лицето е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава, стои во полициското соопштение.