ТЕРА

REKLAMA???

ПРИКАЗНАТА НА ЗИСА И ИВАНА ХАЏИЕВСКИ

Бројни се сведоштвата на македонското население за периодот на живот со децата бегалци – како што беа наречени сите македонци протерани од Грција по граѓанската војна во 1948 година. Ивана Хаџиевска е историчар којашто неодамна го промовираше документарниот филм „Фаќачи на сеќавања-приказната на Зиса Хаџиевски.

Името на Зиса Хаџиевски е дел од аналите на битолскиот труд – пред 70тина насловен како Организација на Здружен труд. Својот живот во Југославија го започнал како 15 годишно момче, кога и ја научил тагата на неискажаниот последен поздрав, кога само нејасен грч во стомакот носи јасна страшна  помисла дека своите нема повеќе да ги видите своите блиски.  Зиса Хаџиевски е дете од децата бегалци, потекнува од селото В’мбел, Костурско.

 

Ја дели судбината на многубројни деца кои животот во сета своја суровост го запознаваа по логорите за бегалци низ источниот дел на Европа, таква каква што била со незалечени рани од Втората светска војна. А судбината му скроила план да има внука којашто ќе знае како да ја раскаже приказната на сите кои животите ги започнувале благодарение на милосрдноста на државите во 50те години.

 

Имал среќа па патешествието на Зиса  како дете чии родители биле испратени во Полска завршило во Самобор, крај Загреб  во училиштето за автомеханичари. Многу брзо ги покажал своите организациски способности. Сведоштвото на таа генерација е исто – животот го граделе барајќи ги своите секаде по светот.

Деца бегалци е поим со кој во Македонија се нарекуваат преку 30 илјади деца на возраст од 2 до 14 години кои во март и мај 1948 година беа организирано евакуирани од Грција, а со спогодба меѓу источноевропските земји биле префрлени во Југославија, Романија, Чешка и Словачка ( денес), Полска, Унгарија, во Источна Германија.

Скоро 8 децении  историјата на светот ја бележи трагедијата на македонското население, политиката и пред тоа се поврзано со Македонците го нарекува македонско прашање , и како сите да забораваат дека се работи за човечки животи.

 

повеќе на врската што ве носи до YouTube