Прилеп се подготвува за една од најголемите забавни манифестации во Македонија, Пивофест 2022.
По тој повод градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, оствари средба со претставници на организациската структура на претстојниот ,,Пиво-Фест” 2022, како и со претставници од надлежните институции и службите за безбедност.
На координативниот состанок стана збор за безбедноста на манифестацијата и начините како ќе биде организациониот дел, вклучително и организрање на чистотата на градот.
„По две години пауза и затворање на дуќани во старата прилепска чаршија, се надеваме дека ќе имаме успешен Пиво-Фест, кој ќе ја оживее локалната економија“- изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески.
Пиво-Фестот 2022 ќе се одржи од 14ти до 17ти јули.












