Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.
Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (од 20 до 30 л/м2), а во останатите (од 10 до 15 л/м2).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Утринската до Битола околу 7, а дневната до 21 степен.












