ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 19 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени на Попова Шапка, Лазарополе, 1 Маврови Анови, 3 Крушево, Берово, 4 Претор, 5 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Дебар, Битола, 6 Охрид, Струмица, Виница, Демир Капија, 8 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Дојран, Штип, Гевгелија.   

Најмногу дожд 8 л/м2 наврнаа во Крушево, 7 Битола, 6 Прилеп, 5 Виница, Тополчани, 3 Берово, 1 Пожаране, Маврови Анови.

Во првиот дел од ноќта повремено пороен дожд проследен со засилување на ветерот имаше во Пелагонија. Потоа преовладуваше променливо облачно време. Утринава во поголемиот дел од земјата е сончево со мала до умерена облачност со слаб ветер претежно од северен правец.

Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени. Во Битола до 19 степени.